Во тактичка борба во обид да ги заштеди силите за следниот предизвик на Европските Игри во Минкс, македонскиот борач Владимир Егоров го победи италијанецот Давидови Џиви со 3:2.

Со ова, Егоров се пласираше во четвртфиналето каде ќе се бори со Махир Амирарсланов од Азербејџан.

Од македонската репрезентација коментираат дека ова ќе биде тешка борба за Егоров но уверуваат дека нашиот натпреварувач ќе даде се од себе за да се пласира во полуфиналето на „ЕИ Минск 2019“