Могамедгаџи Нуров ќе ја преставува Македонија на Летните олимпписки игри во Токио следната година. Нуров неодамна на СП во Казахстан го освои бронзениот медал и со ова обезбеди норма за настап на ЛОИ во Токио.

По тој повод, денеска во просториите на Агенцијата за млади и спорт беше одржам прием во чест на резултатот кој го постигна македонскиот борач.

Македонскиот борач во следниот период ќе добива стипендија во висина од две просечни плати, потврди директорот на АМС, Дарко Каевски.