Шампионот на УФЦ во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов, ги коментираше шансите да се бори со Флојд Мејведер.

Уште е заинтересиран за таа борба? Мислам дека тој само сака да го има во насловите на медиумите. Пред неколку дена имаше роденден, наполни 48 или 49 години. Па тој има скоро исто години како и татко ми, појма немам како би удирал таков човек по лице. Ако сепак сака да се тепа, нека дојде во УФЦ, овде се вистинските борби. Јас не сум боксер, јас сум само борец. Ако навистина сака да се сретне со мене нека го прифати условот на татко ми – 11 рунди по правила на боксот и една рунда според правилата на ММА. Иако е тој перфектен боксер, јас сум убеден дека во тие 11 рунди нема да ме нокаутира. Што ќе прави после тоа? Ќе го легнам на патос и едноставно ќе го задавам“, вели Нурмагомедов.

На 18 април, во рамките на УФЦ 249, Нурмагомедов ќе се бори со предизвикувачот Тони Фергусон.