Пред помалку од една година, официјално Конор МекГрегор е во пензија по поразот од Нурмагомедов, но сега постои можност да се врати назад во арената.

Снимката на која Ирецот се пресметува со повозрасен маж во паб предизвика револт во јавноста, но и кај Лук Келер, ирски борач и првак во средна категорија кој го повикал МекГрегор на дуел.

„Не сакам премног да навлегувам во ова, но знам дека не беше среќен кога му се јавив. Боречката заедница во Ирска е многу мала и ваквите гласини брзо се шират. Му понудив борба, беше заинтересиран и веднаш прифати. Има ли м**а повторно да влезе во ринг, без оглед што сум јас на другата страната, допрва ќе видиме. Можеби е силен само преку телефон, но не и кога ќе влезе во ринг.“ – изјавил Келер.

Ракавицата сега е префрлена кон МекГрегор, па останува да се види дали повторно ќе влезе во рингот