Македонскиот борач, Могамедгаџи Нуров во категоријата  -97 кг запиша  две победи на Светското првенство во борење што се одржува Нур Султан, Казахстан, тој  е на чекор од обезбедување на норма за ЛОИ во Токио.

Нуров победи против Хосам Мерџани од Египет со 9-1, а потоа во осминафиналето беше подобар од Хозе Даниел Дијаз Роберти од Венецуела со 7–2.

Во четвртфиналето Нуров загуби од неприкосновениот Садулиев од Русија,  тој е Олимписки, светски и европски правк.

Утре Нуров во репасажот ќе се бори со Чебан од Моладавија со  победа ќе се избори за олимписка норма после 12 години за еден македонски спортист.

„Молдавецот е искусен борач, но мислам дека Нуров е фаворит во оваа средба“- изјави селекторот Лулзим Вранези.

Доколку го победи Молдацецот, Нуров ќе се бори за бронзен медал