Могамедгаџи Нуров вечерва има шанса да освои бронзен медал во категоријата до 97 килограми откако во репасажот го победи Унгарецот Михали Сабо со 11:0, односно со технички туш.
Нуров денеска од 18:30 ќе се сретне со Белорусинот Александер Хуштин во борбата која носи бронза.
Во првото коло Нуров беше подобар од Литванецот Караускас со 10:0 а во второто коло загуби од Русинот Садулаев од кого загуби со 6:0.
Be the first to write a comment.