Македонскиот борач Могамедгаџи Нуров не успеа да го освои бронзениот медал на Европските игри во Минск, Белорусија, откако беше поразен од домашниот борец Александар Хуштин со 3-1.

Хушин водеше од самиот почеток, откако Нуров доби казнен поен за неактивност. Сепак, македонскиот борец израмни во продолжение од борбата, но потоа во финишот Хуштин стигна до победата.

Нуров го освои петто место Европските игри, откако во првото коло славеше против Лукас Караускас, а потоа во следното коло загуби од Абдулрашид Садулаев, кој на крајот стана шампион во категоријата.