Во возбудлив финиш Могамедгаџи Нуров во категоријата до 97 килограми го освои бронзнеиот медал на Светското пренвснтво во борење во Нур Сулатан, Казахстан.

Иако губеше во последните 40-тина секунди направи целосен пресврт и ја доби борбата 8-5 против домашниот борач Алишер Јергали кој на своја страна ја имаше целата публика во салата. Поведе Јергали 0-1 на истерување, потоа до 0-2 и 0-3 стигна со казнени поени, како и со ново истерување стигна 0-4. Нуров тргна на се или ништо и дојде пресврт и победа од 8-5.

Ова е голем успех за Нуров на кого на неколку пати му бегаше бронзата од големите натпревари. Во репасажот го совлада Николаи Чебан од Моладавија со 2-1, со што обезбеди борба за бронзениот медал.

Борбата за вториот бронзен медал меѓу Кајл Снајдер од САД и Одикаѕе од Грузија заврши со победа од 5-0 на фавритот Снајдер.

Извор: Ipon.mk