Златното момече од Фиренца, борачот Бесир Алили во организација на Општина Чаир ќе има дочек  на плоштадот Скендербег, официјално објавија од канцеларијата на оваа општина од Скопје.

Бесир Алили стана  европски првак во борење во дисциплината слободен стил, категорија 48 килограми.

Тој во финалето го победи Ховханисјан од Ерменија со резултат 7:6 и го освои златниот медал на оваа Европско првенство за борачи до 17 години кое се одржa во Италија.

Соопштението ви г пренесуваме во целост:

Oпштина Чаир и БК “Лирија“ организираат денес свечен пречек за европскиот шампион во борење Бесир Алили во 18:00 во Плоштад Скендербег

Почитувани граѓани,

Општина Чаир и Боречкиот Клуб “Лирија“ остварија денес координативен состанок за организирање на свечен пречек на европскиот шампион во борење за кадети Бесир Алили.

Ве покануваме денес во 18:00 часот во Плоштад Скендербег да го пречекаме со дигнитет и еуфорија тој што ни го обелодени образот и со освоениот златен медал на европското првенство во Италија не направи сите да се чувствуваме горди.

 

Komuna e Çairit dhe KM "Liria" organizojnë sot pritje madhështore të kampionit еvropian në mundje Besir Alili në оra…

Gepostet von Visar Ganiu – Faqja zyrtare am Montag, 24. Juni 2019