Претседателот на Русија Владимир Путин официјално го покани Хабиб Нурмагомедов на средба во Кремљ.

Информацијата денеска ја соопшти Брет Окамото, по средбата со Ризван Могомедов, еден од менаџерите на Нурмагомедов.

Според истиот извор, рускиот претседател телефонски разговарал со Нурмагомедов и притоа го поканил да дојде на средба во Кремљ.

Хабиб се врати во Дагестан каде беше дочекан како херој, откако викендов го совлада Џастин Гејдин и со скор од 29-0 ја заврши својата кариера во УФЦ.