Хабиб Нурмагомедов, шампионот во УФЦ и еден од борачите со најдобар резултат во историјата на ММА, откри која планира да замине во пензија.

„Мислам дека ќе се повлечам за две или максимално три години. Веројатно тоа ќе биде за две години, бидејќи не сакам да се борам цел живот. Знам колку е тоа тешко. Знам дека многу млади „гладни“ момци ќе дојдат и дека нема да може секогаш да бидам непоразен, верува дека тоа не е можно. Погледнете ја историјата, еден ден сите дпживуваат пораз. Мора да знаете кога треба да престанете, а јас верувам дека во мојот случај тоа е за две години.“ – истакна Нурмагомедов.

Неговиот татко смета дека резултат од 30-0 би бил идеален за Хабиб.