Иранскиот првак во борење, 27-годишниот Навис Афкари, е погубен денеска, откако беше осуден на смрт бидејќи со нож избоде редар на антивладините протести во земјата во 2018 година.

Афкари е „погубен утринава откако законската процедура на инсистирање на родителите и семејството на жртвата беше спроведена до крај“, ја пренесоа иранските медиуми изјавата на претседателот на судскиот оддел во покраината Фарс.

За убиството на редарот, судот на иранскиот првак во борење му изрече две смртни казни.

Минатата недела, Меѓународното здружение на спортисти повика Иран да биде исфрлен од светскиот спорт доколку Афкари биде погубен.

Неговите двајца браќа за истиот случај се осудени на вкупна казна затвор од 84 години.