Македонските борачи Владимир Егоров и Фати Вејсели уште во првото коло од СП во Казахстан се збогуваа со надежта за пласман на Олимписките игри.

Вејсели својот настап во Нур Султан го заврши по поразот од Словенецот Давид Хабит со 9-1 во категоријата до 65 килограми. Владимир Егоров исто така немаше среќа со ждребот, бидејќи во категоријата до 57 килограми, во првото коло загуби од фаворизираниот Американец Дејтон Фикс.

Утре на СП во Нур Султан во Казахстан ќе се појават и другите двајца македонски борачи Нуров и Сејфулаху. Доколку не успеат да се пласираат меѓу шесте најдобри, шансата за виза за Токио ќе ја бараат на квалификацискиот турнир кој е закажан за следниот месец.