Израел Адесања со нокаут против Роберт Витакер стана нов светски шампион на УФЦ во средна категорија.

Првата рунда ја одбележа ударот на Адесања на минута пред крајот кога со кога го нападна Витакер, а во последната секунда го фрли на земја во нокдаун, но Австралијанецот беше спасен од ѕвончето кое го означи крајот на рундата.

Следната рунда ја одбележаа наизменични удари. Витакер се обиде што посилно да возврати на ударите на Адесања. Израел го погоди со одлично лево кроше, по што Витакер падна на земја. Ова беше добра можност Адесања со нокаут да ја заврши борбата и да ја добие титулата светски шампион во средна категорија.