Младиот македонски борец Бесар Алили пред неколку дена стана европски шампион во слободен стил во категорија до 48 килограми, откако во финалето на кадетското Европското првенство во Фиренца славеше против Ховханисјан од Ерменија со 7-6.
Шампионот беше пречекан уште на граничниот премин Табановци од многу навивачи, а потоа со панорамски автобус тргна кон плоштадот „Скендербег“, каде што ќе биде дочекот подготвен од страна на луѓето од општина Чаир.
Be the first to write a comment.