Илјадници луѓе во Дагестан останаа будни изминатата ноќ поради големиот успех на Хабиб Нурмагомедов.

Синоќа Нурмагомедов ја одбрани титулата во лесна категорија во УФЦ откако го совлада Џастин Гејчи.

За Хабиб тоа беше неговa вкупно 29 и воедно последна победа откако ја заврши кариерата и стана единствениот непоразен шампион.

По крајот на борбата, навивачите на Хабиб излегоа на улиците во градовите и селата во Дагестан, каде успехот се славеше со масовни народни собири.