Македонскиот борач, Магомедгаџи Нуров (категорија  – 97 кг) обезбеди четвртфинале на ЕИ во Минска, тој во првата елиминациска рунда запиша победа против Карасаускас од Лтванија со 10-0 и обезбеди четвртфинале каде за противник го има  борачот од Русија, Абдулрашид Садулаев. Доколку запише победа, Нуров има големи шанси за медал на овие игри.

Владимир Егоров е поразен од  Георги Вангелов од Бугарија  во репасажот (категорија 57 кг.)  и не успеа да се избори за меч за бронзен медал на Европските игри во Минск.

Пораз запиша  и Фати Вејсели во категоријата -65 кг. од  репрезентативецот на Русија, Ахмед Чакаев кој победи со 9- 1 во 1/8 финалето. Нивната борба можете да ја видите тука: