Член на екипажот на авионот ЛаМиа 2933 во кој животот го загубија 19 фудбалери на тимот Чапекоенсе, Ервин Тумири по вторпат успеал да остане жив до голема несреќа.

Тумири, кој е еден од шесте преживеани од падот на авионот во кој загина 71 лице, се наоѓал во автобус кој излетал од пат меѓу два града во Боливија.

Во оваа несреќа почина 21 лице, а над 30 се повредени. Тој поминал со помали повреди во вид на гребнатини.

„Слушав музика и мижев кога слушнав врисоци. Единствено што можев е да се држам за седиштетп и да се обидам да спречам да се превртувам додека автобусот се превртуваше. Останав свесен и успеав да се извлечам кога автобусот застана. Не можев да поверувам што се случи.“ – изјавил тој за локалните медиуми.“