Унаи Емери продолжува со засилувањето на екипата пред почетокот на новата сезона во Премиерлигата. Салиба од Сент Етјен наскоро ќе потпише повеќе годишен договор со екипата од Емирати.

Салиба има 18 години, а Арсенал ќе го чини 30 милиони евра. Според првичниот договор меѓу двата клуба тој ќе биде вратен во Франција на едногодишна позајмица. Постои најава дека Емери ќе размисли дали ќе го испочитува тој договор или пак ќе го повика Салиба во Арсенал уште ова лето.

Сепак постои проблем околу регистрацијата на Салиба во Лондон но островските медиуми тврдат дека ќе се најде правна рамка според која младиот стопер ќе добие право за настап.