Кингсли Коман е пред најважната фудбалска одлука во животот, да продолжи да се бори со повредите или пак да замине во пензија.

Крилниот напаѓач се повреди во финалето од Ауди Купот меѓу Баерн Минхен и Тотенхем тренерот на поразените Ковач изјави дека ќе мора да ги почекаат лекарските прегледи за да видат за каква повреда се работи.

Коман неодамна најави дека доколку повторно се повреди сериозно размислува да се повлече од играњето фудбал но дали ќе остане со истиот став ќе дознаеме наскоро.

Французинот немаше среќа во последните неколку години, направи неколку операции и повеќе беше во болница околку на терен и поради ова лесно може да се случи на 23 години да стави крај на кариерата.