Фирмата која стопанисува со националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје попладнево официјално демантираше дека имало пропуст во димензиите на рамката на еден од головите пред квалификацискиот натпревар во Лигата на Европа шкендија – Тотенхем.

Во дописот до јавноста се наведува дека претставниците а УЕФА пред почетокот на мечот извршиле проверка на теренот и биле задоволни од условите.

Пред почетокот на овој натпревар, исто како и пред сите меѓународни натпревари делегат на УЕФА и судиите извршија проверка на целокупниот терен. По  детално извршената  проверка,  од нивна страна беше потврдено  дека  се задоволени  условите за одржување на  натпреварот. Димензиите на рамките на головите беа во рамки на УЕФА правилата, односно  делегатот на УЕФА и судиите констатираа дека се во рамки на дозволеното отстапување. По реакцијата на тренерот на Тотенхем, во интерес на натпреварот , висината  на двата гола веднаш беше минимално корегирана.“, се наведува во демантот на АД за изградба и стопанисување.