Откако љубителите на елитниот фудбал на УЕФА, поконкретно Лигата на шампионите, минатата среда не беа во можност да го следат дуелот на Порто и Јувентус од осминафиналето, поради различен пакет на реемитување на Арена Спорт во однос на тој на Македонски телеком, од А1 Македонија денеска ја исправија грешката.

На Арена Спорт 1 во директен пренос е Аталанта-Реал Мадрид, а на Арена Спорт 5 е Борусија Менхенгладбах – Манчестер Сити.

Во најавата за ТВ програма на Арена Спорт, според праксата од минатата среда, за денеска немаше најава за реемитување во живо на дуелот од Бергамо.

Ова сега е изменето, односно во најверојатно станува збор за промена на пакетот за реемитување, па наместо како на 17 февруари (Арена Спорт за подрачје на Србија), сега се реемитуваат Арена Спорт каналите со истата програмска шема како и на Македонски Телеком.

Потсетуваме дека од неодамна од А1 Македонија најавија дека сите корисници ќе можат да ги следат Арена Спорт каналите додека Спорт Клуб каналите од 1 март ќе бидат повлечени од програмската понуда на операторот.