Телекомуникацискиот оператор А1 МК, на големо го рекламира новиот ТВ-пакет и обезбедени права за реемитување на Арена Спорт.

Откако минатата недела им го скрати задоволството на своите гледачи со неможноста да го следат во живо дуелот на Порто и на Јувентус во осминафиналето од Лигата на шампионите на УЕФА, оваа пракса продолжува и оваа недела.

Поточно за денешната спортска понуда, дуелот на Аталата и Реал Мадрид не е предвиден за преност на Арена Спорт каналите кои ги пренесува А1 МК.

Борусија Менхенгладбах – Манчестер Сити ќе биде емитувана со директен предност на Арена Спорт 1, но затоа вториот осминафинален натпревар нема да може да го следат претплатниците на А1 Македонија.

Поради договорот на Арена Спорт и РТС, овој натпревар ќе биде емитуван само на српската национална телевизија, а А1 МК го реемитува пакетот на Арена Спорт кој е предвиден за подрачјето на Србија.

ТВ програмска шема на Арена Спорт: 1,2,3,4,5 за среда (од пакетот на А1 МК)

Па поради ова, рекламиот спорт на А1 МК, изгледа во најмала рака нерелевантен….

„Уживајте во врвните спортски случувања на Арена Спорт ТВ каналите. Не ги пропуштајте натпреварите од Лига на шампиони….“ – се вели до комерцијалниот спорт на А1 МК.

За оние кои имаат договор со Македонски Телеком, и двата осмифиналните натпревари ќе бидат реемитиувани во живо на Арена Спорт.