Претседателот на Барселона, Жозеп Бартомеу, не успеа да се сретне со директорот Абидал, поради своите обврски во Брисел, но затоа, пак, телефонски разговараше и со Ерик Абидал и со Лионел Меси.

Бартомеу е сигурен дека ќе ја смири ситуацијата и смета дека засега нема потреба од радикални мерки, како на пример отказ за Абидал.

Конфликтот изби сосема неочекувано, кога Абидал изјави дека некои од фудбалерите играа слабо само за да се истера претходниот тренер Валверде. На ова реагираше Меси, кој ги зеде во заштита фудбалерите.