Спортскиот директор и поранешен фудбалер на Барселона Ерик Абидал, во интервју за шпански „Спорт“ говореше околу ситуацијата со тренерот Ернесто Валверде.

Тренерот на Барселона има договор со каталонците до крајот на оваа сезона, а тоа дали ќе го продолжи престојот на „Ноу Камп“ зависи исклучиво од неговите резултати со шпанскиот гигант.

Отсекогаш постоела дебата дали Валверде треба да остане на клупата или не. За нас како управа, лесно е да му кажеме дека повеќе не сметаме на него, но пред да направиме таков потег прво детално ги анализираме сите добри и лоши работи. Не може неколку лоши резултати да бидат причина да посегнеме по друг тренер, како што прават некои клубови. За да има подобрувања, мора целосно да му дадеме доверба, затоа од Валверде зависи дали ќе биде тренер на Барселона и по крајот на оваа сезона“, истакна Абидал.

Јавноста не е задоволна од Валверде, откако последните две сезони Барселона на неверојатен начин беше елиминирана од Рома, односно Ливерпул во Лигата на шампиони.