Англискиот фудбалер Тами Абрахам смета дека во Серија е потешко да се игра отколку во Премиер лига, затоа што тимовите повеќе се посветени на одбраната.

Абахам во август премина од Челзи во Рома, во трансфер вреден 40 милиони евра. Неодамна изјави дека од Жозе Мурињо досега научил повеќе отколку што имал можност во целата кариера.

„Жозе ми кажа да бидам монструм. Ми кажа дека сум премногу фин и морам да бидам поагресивен. Не можете секогаш да бидете фини на теренот, потребно е да покажете карактер, малку да ги уплашите дефанзивците на противничкиот тим и мислам дека сум се подобар по тоа прашање“– вели Абрахам.

„Јас сум млад. Чувствувам дека е потребно да играм уште натпревари, да напредувам, да го достигнам највисокот ниво.“