Во финалето на Лигата на шампионите ќе се сретнат два великани на англискиот фудбал.

Челси и Манчестер Сити ќе се натпреваруваат на 29 мај во Истанбул, а фудбалерите ќе имаат дополнителен мотив на име на  бонусите што ќе ги добијат доколку победат.

Претседателот на Челзи, Роман Абрамович галантно ќе ги почести своите играчи доколку ја освојат Лигата на шампионите, целиот тим ќе добие 11.500.000 евра, а сите тие пари ќе бидат поделени на еднакви делови.

Така, 11 стартери и 12 резервисти од Челси ќе стават приближно 500.000 евра во џеб, се разбира само во случај да бидат по втор пат шампиони на Европа.

„Сините“ веќе  добија бонуси во вредност од 5.600.000 евра за пласман во финалето од Лигата на шампионите.

Од друга страна, во Манчестер Сити се отворија уште повеќе, иако сметаат на поинаков начин. Секој преговара за себе, па Кевин де Бруин како најплатен има обезбедено повеќе од милион евра за себе, односно тој самиот ќе заработи повеќе од секој фудбалер на Челси.

Вкупно, доколку фудбалерите на Сити го подигнат пехарот, бонус-фондот изнесува приближно 17.000.000 евра.