Сопственикот на Челси, Роман Абрамовиќ веќе разговарал со Томас Тухел околу една главна идеја во зимскиот преоден рок.

Според островските медиуми, Абрамовиќ е подготовен да достави сума од 50 милиони евра до Реал Мадрид за во своите редови да го врати Еден Азар.

Крилниот напаѓач не успеа се прилагоди на Ла Лига а воедно се мачи и со многу повреди откако во 2019 година за 100 милиони фунти премина кај „Кралевите“.

Тухел начелно немал ништо против да го има Азар во тимот каде во моментов поради повреда недостигаат Зијеч, Вернер и Лукаку.