Македонија Ѓ.П.  и Академија Пандев играат дерби во второто коло во ПМФЛ. Победничкит старт на двата тима им  носи обврска за освојување на нови бодови во втората рунда.

Повратникот во тимот од Ѓорче Петров, Ермедин Адем, изјави дека екипата е подготвена за овој дуел на теренот на ФФМ и дека се силно мотивирано за победа.

“Иако не бев дел од тимот кој несреќно загуби во финалето од купот, со нетрпение го чекам натпреварот на кој сите ќе го дадеме својот максимум. Едноставно, од Академија Пандев треба да знаат дека доаѓаат на терен на кој бодовите ги бранат мотивирани „лавови“. Можам да потврдам дека сите во соблекувалната високо мотивирани го очекуваат дуелот со ФК Академија Пандев” – изјави Адем.

Македонија Ѓ.П.  и Ак. Пандев имаат стартни победи во ПМФЛ против Вардар и Шкендија.

 

Двојки, 2. коло :

Македонија Ѓ.П. -Академија Пандев

Борец 1919 – Вардар

Силекс  – Шкендија

Ренова  – Струга Трим Лум

Вчера:

Работнички – Шкупи 2-0

Средбите се играат од 17 часот.