Аријан Адеми и Стефан Ристовски ќе бидат единствените претставници на Македонија во осминафиналната рунда во Лига Европа на УЕФА.

Креативецот и десниот бек, вчеравечер со Динамо Загреб го елиминираа Краснодар во 1/16 финалето, додека Елиф Елмас и Наполи не успеаа да ја минат Гранада.


Во Нион, Швајцарија денеска од 13 часот ќе биде извлекувањето за осминафиналните двојки.

Осминафиналните натпревари во Лига Европа се закажани за 11 и за 18 март.