По комплетирањето на полуфиналните двојки во Лигата на шампионите на УЕФА, вечерва ќе ги дознаеме и полуфиналистите во Лига Европа.

Македонските репрезетативци, Аријан Адеми и Стефан Ристовски со Динамо Загреб гостуваат кај Виљареал по поразот во Хрватска од 1:0.

Во Италија, Рома е домаќин на Ајакс кој има тешка задача, да го анулира поразот од првиот меч од 2:1.

Манчестер Јунајтед по победа од 2:0 во Шпанија, вечерва без многу притисок ја дочекува Гранда во реваншот на „Олд Трафорд“.

Арсенал по шок ремито на „Емирати“ ќе се обиде да го поправи впечатокот против Славија во Прага и да избори место во полуфиналето.

Сите четири четвртфинални реванш натпревари се закажни од 21 часот.