Македонските репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски денеска со Динамо Загреб се домаќини на шпански Виљареал во воведниот натпревар од четвртфиналниот двомеч во Лига Европа.

По сензационалната победа против Тотенхем, со променета управа и тренер но со иста амбиција, тимот од Хрватска посакува уште едно чудо во Европа.

Италијанска Рома гостува кај Ајакс во натпреварот кој е издвоен како дерби на денот.

Премиерлигашите имаат интересни задачи, Арсенал на „Емирати“ против Славија Прага а Манчестер Јунајтед ќе и гостува на Гранада.