Македонските репрезентативци, Аријан Адеми и Стефан Ристовски се дел од почетниот состав на Динамо Загреб во реваншот од 1/16 финалето од Лига Европа против Краснодар и бранат предност од 3:2.

Стефано Пили реши да го изостави Златан Ибрахимовиќ од почетните 11 на Милан во дуелот со Црвена Звезда во Милано,  по ремито во Белград од 2:2.

За издвојување е и одлуката на Солскјер кој против Сосиедат во тимот повика четворица голмани (Хендерсон, Де Геа, Бишоп и Грант), Хендерсон е на голот а интересно е тоа што во стартниот тим повторно е Фернандес кој за денес се очекуваше да добие поштеда.