Селекторот на Македонија, Игор Ангеловски за утрешниот натпревар против Полска се соолува со огромни главоболки, откако на повреда се жалат Аријем Адеми и Иван Тричковски. Фудбалерот на Динамо Загреб не тренираше денес по повредатата која ја здоби на мечот со Словенија.

Ангеловски за овие двајца фудбалери ќе одлучи пред натрпеварот дали ќе настапат, а докторскиот тим на Македонија со сите сили се обидува да ги оспособи да истрчаат на арената во Варшава. Покрај овие двајца повреда влечи и Езџан Алиоски, кој исто така е под знак на прашање дали ќе настапи, иако според последните информации од Полска, тој треба да биде дел од селекцијата.

Мечот меѓу Полска и Македонија се игра утре со почеток од 20 часот и 45 минути.