Македонскиот репрезентативец, Аријан Адеми постигна еден гол за Динамо Загреб против Вараждин, шампионот на Хрватска запиша победа со 3-1.

Адеми погоди за Динамо но и изнуди и пенал, голот го посвети на неговиот син.

„Имавме целосна контрола, можевме и повеќе да водиме, секако заслужено победивме. Овој гол го посветувам на својот син“, – изјави Адеми.