Македонската фудбалска репрезентација и на вториот тренинг во пресрет на дуелот против Полска, беше без Аријан Адеми, кој поради повреда и дефинитвно ќе го пропушти неделниот дуел.

Ова е голем хендикеп за селекторот Игор Ангеловски, ако се знае дека за овој меч нема да може да смета и на услугите на Енис Барди кој заедно со Адеми се едни од носителите на играта во средниот ред. Фудбалерот на Динамо Загреб игра во одлична форма оваа сезона, а за Македонската репрезентација во овие квалификации постигна и еден погодок.

Мечот меѓу Полска и Македонија се игра в недела со почеток од 20 часот и 45 минути.