Македонската фудбалска репрезентација вечерва на Националниот стадион во Варшава пред 55.000 гледачи ќе ја напаѓа Полска во квалификациите за ЕП 2020 година.

Полска е фаворит на мечот, лидер во групата, не’ победи во Скопје, но Македонија дојде по изненадување во Варшава.

Селекторот Игор Ангеловски нема да може да смета на Иван Тричковски и Аријан Адеми кој дефинитивно отпаѓа за оваа средба, не тренираше во Варшава поради повреда која го „елиминира“ од составот.

Македонија против Полска би требало да започне со Димитриевски на голот, во одбраната, Ристевски, Бејтулаи и Муслиу. На бочните позиции Ристовски и Алиоски кои ќе играат по потреба и офанзивно, во средниот ред Спировски, Николов и Елмас, во нападот Пандев и Несторовски.

Стефан Ристовски денеска против Полска ќе настапи по 50. пат за македонската репрезентација. Средбата, Полска-Македонија започнува од 20-45 часот.