Капитенот на Динамо Загреб и член на македонската фудбалска репрезентација, Аријан Адеми ќе ги пропушти двата следни  натпревари поради повреда.

Адеми поради повреда нема да биде во составот на Динамо против Хајдук во најголемото дсерби на Хрватска, наверојатно ќе го прескокне и мечот со Аталанта во Лигата на шампионите.

Натпреварот со Хајдук се игра во петок, Адеми сеуште не е опоравен од повредата, средбата со Аталанта се игра идната среда и многу извесно е дека и овој натпревар шампионот на Хрватска  ќе настапи без својот капитен.