Аријан Адеми на официјалната прес конференција во пресрет на утрешниот меч со Розенборг во плеј-офот во Лигата на шампионите изјави дека Динамо Загреб е подобар тим.

„Не очекуваат два тешки натпревари, ние сме подготвени и со нетрпение го очекуваме почетокот. Со сигурност можам да кажам дека сме подобар тим од Розенборг, делуваме тимски и убеден сум во добар резултат“ – изјави Адеми.

Динамо Загреб утре го пречекува Розенборг на „Максимир“ од 21 часот.