Општиот суд во ЕУ донел одлука дека е неважечки заштитниот знак (трите линии) на германската компанија за производство на спортска опрема „Адидас“ бидејќи нема своја карактеристика.

Судот соопштил дека ја поддржува одлуката на Европската канцеларија за интелектуална сопственост од 2016 година со која е поништена претходната одлука со која знакот бил прифатен како заштитен.

Својот заштитен знак, германската компанија го регистрирала за облека, спортска опрема и опрема за глава, наведувајќи дека содржи „три паралелни линии меѓу кои има исто растојание“.

Меѓутоа овој знак беше оспорен од белгиската компанија „Шу брендинг“ со која „Адидас“ има повеќедецениски спор.

Судот во ЕУ минатата година го прогласи заштитниот знак на „Шу брендинг“ за неважечки со образложение дека нивните две линии се премногу слични со тие на германскиот бренд.

Во одлуката се додава и дека „Адидас“ мора во својот знак да покаже одредена карактеристика ширум Европската унија, се со цел потрошувачите веднаш да можат да препознаат дека станува збор за нивен производ

Германската компанија за спортска опрема може да поднесе жалба на ваквата одлука.