Напаѓачот на Атлетик Билбао, Ариц Адурис, ги демантираше гласините дека ќе прејде во Барселона, како можна замена за повредените з.

Премногу сум стар за Барселона. Јас сум убеден дека ќе најдат подобар од мене“, изјави тој за журналот Panenka.

39-годишниот Адурис одигра 400 средби за Атлетик Билбао и постигна 172 гола. Во 2015 година го освои Купот на Шпанија, а во сезони 2015/16 и 2017/18 тој двапати стана најдобар стрелец на Лига Европа.

Веќе е познато дека оваа сезона е последна во кариерата на Шпанецот.