Правниот застапник на Марадона, Матијас Морла откри детали со кои ги обцини медицинските лица за небрежност при повикот за брза помош а потоа и медицинската хоспитализација на легендарниот фудбалер кој вчера почина.

„Останува нејасно како тоа 12 часа Диего не добил внимание ниту контрола од медицински персонал. На брзата помош и требало повеќе од половина час да пристигне, ова е криминален идиотизам.“ – вели Морла.

Личниот лекар на Марадона, Леополдо Луке одбил да ги коментира овие тврдења а воедно не бил поканет на бдеењето над телото на Марадона.