Сигурниот Италијански новинар, особено кога станува збор за трансферите, Ромео Агрести, објави дека  агентите на Миралем Пјаниќ го контактирале Јувентус и ги забрзале преговорите кога станува збор за неговото враќање.

Според новинарите на „Гол“, агентите на Пјаниќ се обидуваат што поскоро да ја решат ситуацијата со Пјаниќ, кој при трансферот во Јувентус ќе мора да се согласи на намалување на платата, а конечниот резултат од преговорите би можел да биде познат оваа недела.

Пјаниќ би можел да биде второто засилување во краток временски интервал, со оглед дека Јувентус работи и на трансфер на Локатели (Мануел Локатели) од Сасуоло.