Плејмејкерот на Спортинг Лисабон, Бруно Фернандес ова лето се очекува да го промени клубот но сеуште не е познато кој од островјаните ќе го добие во своите редови.

Агентот на Фернадес денеска слетал во Лондон и со цел да ја забрза постапката околку евентуалниот трансфер на неговиот клиент во Манчестер Јунајтед. Островските медиумите најавуваат дека „црвените ѓаволи“ до крајот на денот ќе испратат нова официјална понуда за Фернандес откако играчот се согласил да се пресели на „Олд Трафорд“.

Дилемата е дали Спортинг ќе успее да најде заеднички јазик со Јунајтед или пак Тотенхем ќе избие во прв план за ангажманот на репрезентативецот на Португалија.