Крилниот бек на Интер, Хакими е трансфер цел на повеќе тимови од Европа а неговиот агент вели дека се е возможно ова лето.

„Хакими е среќен во Интер не мислам дека размислува за нешто друго. Има секакви шпекулации, но нема да ме изненади ако Баерн Минхен се заинтересирани за него. Воедно, кој не би сакал да игра за Баерн Минхен?“ – изјави Алехандро Камачо.

Хакими се поврзуваше и со трансфер во Челси како и во ПСЖ, но засега нема конкретни понуди до Интер.