Преставниците на Барселона од денеска се во Париз и интензивно работат на трансферот на Нејмар. Бразилецот посакува да се врати на „Камп Ноу“ а за таа цел Барселона одлучила да го жртвува Кутињо.

Попладнево во Париз пристигнал агентот на Кутињо за да ги договори личните услови под кои поранешниот играч на Ливерпул би го носел дресот на ПСЖ. Откако ова ќе биде договорено, останува да се прецизира уште колку ќе му доплати Барселона на ПСЖ за да го добие Нејмар.

Француските медиуми тврдат дека ПСЖ не веруваат во проценката на Барселона според која Кутињо вреди 150 милиони евра, па со уплата од 100 милиони евра и играчот, ПСЖ би ги добиле посакуваните 250 милиони евра плус бонуси од продажбата на Нејмар.

 

Во меѓувреме, Л`Екип тврди дека управата на ПСЖ преферира Нејмар да заврши во Реал Мадрид но проблемот во моментов е тоа што „кралевите“ сеуште немаат собрано доволно пари за овој трасфер.

До крајот на денот се очекува да има повеќе детали околу денешните преговори на ПСЖ и на Барселона околу размената на Нејмар и Кутињо.