Агентот и близок пријател на Диего Марадона – Стефано Чечи – тврди дека легендата на светскиот фудбал ја загубил желбата за живот и се предал на судбината.

Во моментов тече истрага за смртта и луѓето сега чекаат да дознаат каде и кој погрешил, но треба да се вратиме назад во времето. Диего престана да биде Диего уште на свои 17 години“, изјави Чечи во интервју за Radio Kiss Kiss.

Во последно време тој ослабна, и физички и психички. Мислам дека се предаде. Повеќе не сакаше да живее“, додаде блискиот пријател на Марадона.