Поранешниот репрезентативец на Аргентина, Хавиер Пасторе преку неговиот агент, Марсело Симониан, одлучи јавно да одговори на прозивките околу неговиот најавен трансфер во МЛС лигата.

„Не, нема вистина во тие приказни, оптимис е` и верува во неговата Рома.“ – изјави Симониан.

Плејмејкерот верува дека може да се врати во полна форма во дресот на Рома и со тоа да докаже дека сеуште има квалитет за националниот тим и за следното СП.