Набил Фекир беше планиран за големо засилување на Ливерпул летото 2018 година, но неговиот трансфер пропадна. Ова лето тој од Лион премина во Реал Бетис на изненадување на многумина.

Жан-Пјер Бернес, агентот на Фекир за француските медиуми изјави дека преговорите меѓи играчот, Лион и Ливерпул траеле четири месеци и дека договор пропаднал во последен момент поради неговиот полубрат.

„Набил беше за Ливерпул приоритет. Работев четири месеци на тој трансфер, разговарав со челниците на Ливерпул, со Јирген Клоп и претседателот. Се беше подготвено. Набил беше подготвен за трансферот, веќе сметаше на 45-те милиони евра кои би му ги донел четири годишниот договор. Дента кога Фекир требаше да потпише се појави неговиот полубрат и на челниците им кажа се да запрат и преговорите да почнат од почеток. Беше нереално. Братот глумеше дека е негов агент, а не е. Сакаше пари од трансферот, бев посрамотен.“ – открива агентот на Французинот.

Покрај тоа, Фекир не ги поминал медицинските прегледи откако на „Енфилд“ утврдиле дека неговото колено не е во добра состојба.

Сепак, агентот наведува дека реакцијата на полубратот е вистинската причина за пропаднатиот трансфер.