Кристијано Роналдо за нецели десет години во дресот на Реал Мадрид стана икона на овој клуб и еден најдобрите фудбалери на сите времиња.

Португлецот синоќа од трибините го следеше дерби мечот меѓу Реал Мадрид и Барселона, на кој неговиот омилен клуб славеше, а Роналдо беше  одлично беше дочекан во Мадрид.

Новинарот, Еди Агире кој воедно е и добар пријател на Роналдо посочи дека напаѓачот сака да се врати во старата средина.

„Со сигурност знам дека Кристијано сака да се врати во Реал Мадрид. Ја почувствува љубовта од Реал кога дојде на „Бернабеу“, беше возбуден. Сега тој е тотално фокусиран на Јувентус, но во фудбалот никогаш не вели никогаш. Не знам што може да се случи во иднина, никој не знае“-изјави Агире.